Роналдо и Буфон на средба со дечињата кои го преживејаа земјотресот во Албанија (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Две дечиња од Албанија, кои го преживејаа земјотресот во Албанија, заминаа деновиве на средба со играчите на Јувентус.

Малите Аурел Лала и Алесио Цакони, со 7 и 10 години, беа специјални гости на фудалскиот клуб Јувентус.

Во потресите во Албанија, децата загубија по некој член од семејството но сепак тие преживејаа. Во болницата по хаосот тие беа посетени и од премиерот на Албанија, Еди Рама.

Децата барем за момент заборавија на трагедијата во која беа, а добија пригодни поклони од Буфон и Роналдо, дресот од Јувентус со нивните имиња.

Инаку, во јавноста, во врска со трагедијата која ги снајде Албанија и албанскиот народ се огласија и голем број на светски пејачки меѓу кои и Дуа Липа и Рита Ора.

Рита Ора сега отпатува во Албанија од каде сподели фотографија од Тирана и едно од семејствата на кое ќе му помогне да си ја обнови куќата.

– Предлагам, тие кои можат, да најдат некое семејство, хуманитарна организација или некој друг начин како би помогнале за обновување на жртвите од катастрофата. Првото семејство кое го избрав е Сала – открила пејачката.

И двете пејачки на социјалните мрежи го објавиле знамето на Албанија и пратија пораки со поддршка.

– Скршена сум поради вестите од Албанија. Моети срцец и молитви се со албанците. Ви ја праќам целата своја љубов во овие тешки моменти – напишала Дуа и додала:

– Како и секогаш, сите сме обединет и ги бараме најдобрите начини да им помогнеме на семејствата, децата кои ги изгубија родителите, родителите кои останаа без деца, како и пријателите кои се бараат едни со други и кои сакаат да видат со оние кои ги сакаат.

Таа наведе дека ќе работи со албански модни дизајнери на проекти, а приходот од нив ќе биде наменет за жртвите од потресите.