Роналдо и забранил на неговата мајка да доаѓа на “Олд Трафорд” – ова е причината

ИЗВОРСкопје24
|

Според пишувањата на британските медиуми, португалскиот фудбалер ѝ забранил на својата мајка да доаѓа на Олд Трафорд поради здравствени причини.

Детството на Роналдо било полно со трауми бидејќи неговиот десет години постар брат Хуго Авеиро и нивниот татко, Хозе Динис Авеиро имале сериозни проблеми со зависност, а за нив се грижела Долорес со која Роналдо има посебен однос.

Сепак, Долорес мора да се откаже од гледањето на својот син во живо откако се врати кај Црвените ѓав оли, бидејќи тој ѝ забранил да доаѓа на натпревари.

Одлуката е поврзана со здравјето на 66 годишната Долорес која понекогаш не може да ја поднесе еуфоријата на стадионот додека го гледа својот син како игра. И како што поминуваат годините, нејзините потешкотии се сѐ повеќе изразени, а според The Sun дури се имала и онесвестено два пати.