Роналдо ја изненади Георгина со скапоцен подарок, а таа призна: „Сè уште сум без зборови“

ИЗВОРСкопје24
|

Кристијано Роналдо веќе долго време е во врска со Георгина Родригез, па сериозноста на врската му дозволува на Роналдо да и купува навистина скапи подароци.

Со таков скапоцен подарок се пофали токму Георгина, па на социјалните мрежи напиша дека сеуште е без зборови од она што таа го видела.

„Се уште сум без зборови“, напиша таа покрај фотографиите од кутијата за накит со потпис од Луј Витон. Голем куфер со розова внатрешност го привлече вниманието и на нивните деца, па си играа со необично дизајнерско парче.

Цената на ова парче е неколку илјадници евра.