Роналдо ја смени куќата во Манчестер зошто секое утро го буделе овци

|

Португалската супер ѕвезда – Кристијано Роналдо по само 23 дена од вселувањето во новата куќа, вредна цели 6 милиони евра, во Манчестер, се реши да ја замени со друга и се пресели во двојно поефтина. Причината е легендарна.

Британски „Сан“ пренесува информација дека иако Португалецот имал голем имот, во близина имало државно земјиште на кое секое утро имало стадо овци кои му сметале.

За него и неговото семејство блеењето на овците било проблем, па Роналдо со Георгина и децата се преселиле во куќата која е поранешна сопственост на екс-фудбалерот на Јунајтед, Енди Кол.

„Иако имотот е преубав и се наоѓа меѓу полиња и шума, во близината е стадо овци кои се многу бучни рано наутро. Тука има и јавна пешачка патека, како и пат од кој се овозможува поглед на неговата влезна врата. Роналдо е вистински професионалец на кого му е потребен квалитетен одмор и повеќе приватност, па заклучи дека најдобро е да се преселат“ информира доброупатен извор.

Во новиот дом на португалскиот ас има базен, кино сала и гаража во која може да собере 4 автомобили. Има безбедносни камери на целиот имот.