Ротердам ќе биде домаќин на Евросонг 2021, а кој ќе биде наш преставник?

ИЗВОРСкопје24
|

Евросонг 2021 ќе се одржи во Ротердам, Холандија, објави Европската радиодифузна унија (ЕБУ). Со тоа Холандија се впишува по петти пат како домаќин на престижниот музички настан чиј пренос го следи 200 милионска публика ширум светот.

Јавниот медиумски сервис на Холандија, обезбеди дополнителни седум милиони евра за организација, што не е мала сума сега во услови на криза.

Веста како изненадување организаторите ја објавија во саботата вечер, на алтернативното шоу на Евросонг Eurovision Shine a Light“, кој собра стари и нови победници, сега ѕвезди, и не прошета по празните улици и арени ширум Европа во екот на кризата.

Изборот на песна за Евровизија кој беше создаден по Втората светска во*на со цел да ги обедини нациите од Европа, разделени по катастрофалната војна, годинава, повторно беше на голем тест, овојпат од болест која повторно ги раздели народите, терајќи ги да останат дома во изолација и да ги затворат границите.

Концертната сала „Ахој“ во Ротердам, сега претворена во болница за лица заразени со болеста во Холандија, и идната година ќе биде сцената каде Европа ќе избира најдобра песна. Веќе се потврдени 18 учесници за Евросонг 2021.

Доколку МРТ како активна членка на Европската радиодифузна унија (ЕБУ) пак го номинира баритонот Васил Гарванлиев за македонски претставник следната година на Евросонг, ќе мора да се избере нова песна. Светот во саботата вечер, виде фрагмент од годинешниот спот за евровизиска „YOU“, на авторката Невенка Нешкоска, и поздравот од Гарванлиев.