Руждија Калач: Репрезентацијата во бокс ја најдов во запуштена ситуација – потребна е многу работа, но на светско се надевам на успех

ИЗВОРСкопје 24
|

Доколку сте пасивен гледач на боксот веројатно ќе речете дека е тоа еден спорт кој бара само сила, но оние кои се занимавале со него и кои се вљубени во него знаат дека тој е многу повеќе од тоа. Боксот пред се е спорт, не е те*ање како што би рекле многумина, и за него треба вложување на време, љубов и напорен тренинг. Во државава постојат повеќе од 40 клубови, од кои активно функционираат веројатно само 6 или 7.

Еден од водечките клубови со години наназад секако е Боксерскиот Клуб Скопје, што беше причина екипата на Скопје24 да направи разговор со боксерската легенда и сегашен тренер, Руждија Калач и капитенот на боксерската репрезентацијата на Македонија, Јасин Љама.

Калач ја започнува својата кариера како активен борач во 1970та година во истиот овој клуб каде денес ги подучува младите, заедно со неговиот тренер Живко Дуковски. Зад себе има стотина бор би и има одлични резултати што е показател дека е одличен познавач на боксот. Како надоградба на знаењето тој завршува на Факултетот за физичко образование во Скопје, а магистирал и докторирал во Белград на Факултетот за физичка култура. Дека неговото знаење се вреднува покажува и фактот што околу 36 години предава на Факултетот за физичко образование спорт и здравје во Скопје.

Има издадено над 120 трудови, добитник е на државната награда 8ми Септември, учесник е на Олимписките игри во 2000 година, како и на 9 Европски и на 7 Светски првенства, вклучувајќи го последново кое ќе се одржи од 24 октомври до 6 ноември во Белград.

Боксерската федерација за ова Светско првенство пријави тројца македонски боксери кои ќе се натпреваруваат меѓу кои се Јасин Љама (60 килограми) кој воедно е и капитен на македонската репрезентација и Горјан Славевски (86 килограми) . На првенството ќе има 13 старо-нови категории, 650 боксери од 105 земји, како и една новина според која на медалистите за прв пат им се доделуваат и парични награди од 100 илјади, 50 илјади и 25 илјади евра за златен, сребрен и бронзенмедал, што е мотив повеќе за боксерите.

Светското првенство беше причина плус да поразговараме со тренерот Калач кој по подолго време апстиненција од јавноста, одлучи да се врати во репрезентацијата и своето знаење да го пренесе на помладите боксери.

Тој вели во последните 5 години можеби малку апстинирал, но не целосно затоа што тренирал млади луѓе. Сакал да се тргне од очите на јавноста затоа што смета дека треба да остави простор другите нешто да направат, и да видат како функционираат работите кога тој не присутен и да ја видат неговата тежина.

„Ситуацијата не е баш розова, напротив спортот е во многу непријатна ситуација, можеби требаше да почекам да помине светското првенство (па да се вратам), меѓутоа јас сум еден од тренерите којшто има три ѕвездички (според АИБА). Нив Светската боксерска организација ги доделува со твои учества, меѓутоа за да ги заслужи секој учесник мора да има и некаков резултат на европско и на светско ниво, односно тоа е потребно за да се добие третата ѕвездичка. Сега се сложија мислам сите, макар и преќутно, да одам јас, затоа што никој не сака да оди. Голем дел од нив не сакаат ниту на тренинзи да одат, а не па на вакво едно првенство. Јас ова го работам со љубов затоа што боксот мене ме влече, јас живеам за тоа и сум професионалец во оваа работа“, вели Руждија.

Го запрашавме и каква е ситуацијата во репрезентацијата и дали на ова Светско првенство можеме да очекуваме некој медал?

„Ова е некаква запуштена ситуација на репрезентацијата, се обидува претседателот Димовски, меѓутоа претседателот не може да влезе и тој да боксува. Се очекува она што е основното, а тоа е секој тренер да си ја работи својата работа, ништо повеќе. Многу е сипмтоматично, затоа што озборувањата се потврдија, затоа што не сакаат да одат на турнири.

Јас сум имал исклучиво добар резултат со многу мали вложувања, да не речам со никакви вложувања. Во овие 4-5 години мислам дека има средства, не премногу, но пристојни средства. Исто така мора да се напомене дека постојат повеќе клубови во боречките спортови, дали во карате, во џудо, кикбокс или во бокс. 40 клуба на територија на Македонија се многу, а нема потреба за толку, затоа што се извлекува или одвлекува квантитетот, а постои и некаква незаинтересираност, односно брзопотезност, на пример земање на одредени сретства од спонзори и пријатели, а потоа нема работа, резултат и квалитет, нема нешто да ветува. Ако се појави некаков талент тогаш се јавуваат десетина луѓе и викаат јас го открив. Приказните се тие, но многу малку луѓе сакаат да работат и да се трудат да вложат“, истакна Калач.

За ова светско првенство вели се надева на успех, но за тоа е потребен повеќегодишен план и многу работа за која сега тој нема време.

„Се надевам на успех, но сепак затоа што сум јас чесен човек, и во ова влетав така, морам да бидам искрен и да кажам дека во работата со боксот мора да имате увид, да имате годишен план за тоа што сакате да направите, точно да одредите кога и каде ќе играте. Имаме светско, имаме Златен гонг и Регионална лига, три многу клучни и убави натпревари, меѓутоа сето тоа не можете да го направите без работа и вложување. Според мене за на Светското да видиме резултати, боксерите треба да се веќе спремни и подготвени и затоа јас повеќе давам внимание на Златен гонг и на Регионалната лига на 27 ноември“, завршува тој.

И покрај ваквите проблеми боксерите се надеваат на медал и мотивацијата ја гледаат токму во тоа да ја израдуваат македонската јавност и по подолги години да бидат препознаени и од светската јавност.

„Јас за првпат учествувам на едно светско првенство како капитен на репрезентација и се надеваме дека ќе донесеме некој медал во Македонија, бидејќи одамна не е освоен на некое вакво првенство. Мој мотив е да се вратам во нашата држава најмалку со еден медал“, вели Јасин Љама.

Запрашан за конкуренцијата и за тоа од кого најмногу се плашат на Светското првенство, капитенот вели дека не се плашат од никого на првенството, но не кријат ниту дека дополнителен мотив оваа година, не само за нив туку за сите, е и паричната награда.

„Таму ќе биде јака конкуренција. Сите прваци – и светски и европски ќе бидат таму, но се е во ред, не се плашиме од никого. За прв пат оваа година ќе има парична награда на освојувачите на медал, па тоа значи дека ќе има уште појака конкуренција. Најјаките боксери кои постојат во светот ќе бидат таму“, додава Љама.

Покрај другото исто така поразговаравме и за тоа колку се вложува во боксот како спорт во нашата земја, како и за тоа дали можеби токму тоа е причината поради која младите се откажуваат од него и се занимаваат повеќе рекреативно, отколку професионално.

„Во Агенција за млади и спорт и јас како советник, со ваучерите кои се даваат помогнавме многу. Во мое време јас на пример барав свои луѓе, свои пријатели, свои спонзори. Тука морам да ги спомнам двете попознати имиња, Вели Мумин и Примислав Димовски, кои се наши боксери, на боксерскиот клуб Скопје, и токму со нив моравме да ги искористиме сите пријатели, пријателите коишто многу дадоа и јас им благодарам, меѓутоа морам да напоменам дека јас никакош не сум го правел тоа лично да земам средства на рака туку преку републичка агенција“. објаснува Калач.

Како што вели тој кога ќе дојдат децата за првпат во клубот доаѓаат многу исплашени, но после година дена тоа веќе не се истите луѓе. Тие се луѓе со стекната самодоверба, меѓутоа за жал сето тоа не е платено. Според него така е веројатно воопшто во секој спорт, освен во фудбалот.

Оние кои тренираат бокс пак велат дека го засакале како спорт и истиот им е мотивација за успех, понекогаш можеби бара жр тва, па поради потребата од материјална сигурност мораат да се откажат. Сепак секогаш му се враќаат со љубов и сонуваат еден ден да ја израдуваат Македонија со некој златен медал.

„Мотивацијата ми е во самиот бокс, затоа што сум го засакал многу и некако не можам да се одвојам од него. Иако неколку пати сум правел паузи, сум се обидувал да се бавам со нешто друго, или ме спречила работата и заработувачката, сепак на крајот секогаш му се враќам. Боксот бара премногу дисциплина, вложување на труд и време кои не секогаш ги поседуваме. Сакам да освојам некој медал за Македонија, и тоа ми е голем мотив за понатамошен успех. Кај нас не се вложува многу, затоа што може многу повеќе, како тоа што го прават околните држави за разлика од нас. Тоа исто така влијае и е една причина зошто младите се откажуваат од овој спорт“, вели Лео Јовановски кој засега боксува во Регионалната лига.

Кога зборуваме за тоа што е потребно за успех во овој спорт сите се согласни дека талентот е битен, но не и најбитен, она што е потребно е работа, знаење и подготвеност. Како што вели капитенот Љама треба да тренираш, да трчаш и народски кажано, да бидеш маж и да се стегнеш, но е спорт кој го препорачува на сите.

„Тактиката и техниката се многу поврзани, но многу е битно за мене, тренерот да е образован, да ја познава работата, во смисла на тоа точно да знае кога е некој подготвен за бор ба. Затоа се тие возрасни категории. Не смеете детето пред време да го пуштите таму, морате да бидете многу сигурни дека е способно детето да поднесе одреден напор и слично“, додава Калач.

Боксот е еден од најтешките спортови. Ако се работи за парите тогаш тоа сигурно е фудбалот, но кога се работи за филозофија, за бор ба за поставување на некаков статус тоа сигурно е боксот, а тука доаѓа и ризокот од повреда. Не би се согласиле со мислењата дека тој е насилен спорт, но можноста за пов реда е реална и е нешто за што секој боксер е свесен и согласен уште од првиот ден. Кај нас секој од различни причини почнува да се занимава со него, но оној што влегува во салата за тренинг со љубов, таму и останува.

Како што ни раскажа и тренерот, кај плочкарот се гледа неговото дело, кај во боксот тоа не се гледа. Родителот не е доволно способен за да види промена кај своето дете или нема време да го примети тоа, но затоа тренерот е тука. Луѓето се впуштаат во овој предизвик од различни причини, некој да намали килограми, некој за да биде поактивен, но на сите овде им се посветува огромно внимание во боксерскиот клуб Скопје, додавајќи дека ако ништо друго човекот тука животно ќе научи нешто ново сигурно!

(Наталија Јосифоска)