Шахпаска: Со 64 години пензионирање и 15 години пензиски стаж за сите граѓани

ИЗВОРСкопје24
|

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска за Тв24 истакна дека во собраниска процедура се наоѓаат четири закони, законот за работни односи, законот за вработени во јавната администрација, законот за здравствена заштита и законот за вработени во високото образование.

„Сите четири закони претставуваат дел од закони кои предвидува пензионирање со 64 години и 15 години пензиски стаж. Тоа е основниот услов за одење во пензија. Не за жени со 62, туку за сите е 64 години. Овие четири закон ги предложија пратениците, но се кординиараа со нас“, рече министерката.

Министерката истакна дека се поднесени 480 амандмани и најголем дел од нив се однесуваат на моментот од кога ќе почне имплементацијата на законското решение. Таа исто така истакна дека се работи на законското решение, недела да биде неработен ден.

„Ја направивме анализата иако ни беше даден краток рок за анализа и го разгледувавме на седницата на економско социјалниот совет, со писмен допис беше испратено како до Сојузот на стопанските комори, така и до претставниците на синдикатите, на сите засегнати страни. Суштината е да се овозможи работниците да го користат правото на неделен одмор за да бидат со семејствата, но мора да има и исклучоци.“ – рече министерката.