Сакате да имате најубава насмевка – Направете професионално белеење на забите во една сеанса

ИЗВОРСкопје24
|

Процесот на белење на забите претставува осветлување на природната боја на забите, па токму затоа денес белењето на забите е тренд. Белата боја на забите естетски многу влијае на убавата насмевка и секогаш асоцира на здрави заби, Водород пероксид (H 2 O 2 ) е активна состојка која најчесто се користи во производите за белење и агенсот се испорачува како водород пероксид или карбамид пероксид. За да може белењето на забите да биде успешно, треба професионално и правилно да се дијагностицира видот, интензитетот и локализацијата за промена на бојата на забите.

Посакуваната белина на забите зависи од времето на изложеност и концентрацијата на избелувачкиот агенс. За таа намена најправилно е да се користат специјални клучеви за боја со кои се мери и одредува бојата на забите пред и по белењето. Овие нијанси ја одредуваат ефективноста на постапката за белење, која може да варира по градација од две до седум нијанси. Резултатите од белењето се квалитетни само со правилен протокол на постапката без притоа да се прескокнуваат фазите на работа. Ефектите може да траат повеќе месеци, но постои опција да варираат во зависност од начинот и темпото на животот на пациентот. Конзумирањето на храна која ги пигментира забите или пак пијалоци кои имаат силна боја може да ја загрозат ефективноста на третманот. Тука влегуваат храна и пијалоци кои содржат танини како што се: густо кафе, темен чај, црвенo винo, кари итн.

Во процедурите за белење по протокол се користи ефикасен заштитен слој кој се нанесува на гингивата (непцата) за да се намали ризикот од хемиски изгореници на меките ткива.

Агенсот за белење е карбамид пероксид, кој се распаѓа во устата за да се формира водород пероксид, или самиот водород пероксид. Гелот за белење обично содржи помеѓу 10% и 44% карбамид пероксид, што е приближно еднакво на концентрација од 3% до 16% водороден пероксид.

Прим. д-р. сци. Данило Крстевски – специјалист по стоматолошка
протетика
Стоматолошка ординација СТЕЛА
Ул. Св. Кирил и Методиј бр.36/2-3
Скопје
Тел. 02/ 3161 828