Сакате да летувате во Дубровник: Tопка сладолед пет евра, паркинг еден час шест евра, а соба 80 евра од ноќ

|

Дубровник e дефинитивно еден од најскапите градови во Хрватска, бидејќи води по цените на производи. Двајца туристи кои останале само два дена ги споделија искуствата за цените во овој туристички центар, а останатите туристи се шо кираа.

Топка сладолед во стариот град се движи од 2,5 до дури 5 евра а еден час паркирање 6 евра.

Кока-кола во кафулињата чини 4,5 евра. Хит се маичките и сувенирите „Game of thrones“, па најевтината маица е 35 евра. Магнети и сувенири не можат да се најдат под 5 евра.

11 евра е километар такси а за “обичните” луѓе има и градски автобус, 130 денари изнесува билетот. Двокреветните соби чинат од 80 евра па нагоре, за едно ноќевање.