Салата со јајца – Не ги фрлајте по Велигден туку направете деликатес

ИЗВОРСкопје24
|

За време на најголемиот христијански празник секое семејство бојадисува јајца, бидејки тие се симболот на Христовото воскреснување, но обичајот е да направиме повеќе јајца отколку што можеме да изедеме, па најчесто ни остануваат во фрижидерот. Во продолжение ви претставуваме рецепт зкако да направете вкусна салата со јајца по Велигден.

СОСТОЈКИ: 4 компири, 2 моркови, 2 варени јајца, 4 кисели краставички, 100 гр. мајонез, 250 гр. кисела павлака, 150 гр. кашкавал и сол и бибер.

ПОДГОТОВКА: Се варат заедно компироте и морковот и се варат и јајцата во друг сад. Се делат лупените сварени компири на три дела. Се ренда првиот дел на дно на сад, врз него се става мајонез и павлака, па се ренда морков, па јајца па сечени кисели краставички. Се ставаат и зачини. Пак се повторува постапката два пати. Се ренда кашкавал горе.