Само 12 од 100 студенти се вработуваат по струка, покажуваат истражувањата

ИЗВОРскопје24
|

Само 12 од вкупно запишани 100 студенти по завршувањето на студиите работат според своето образование. Овој факт го покажува анализата на непрофитната организација „Македонија 2025“.

Целосна реформа во образовниот систем, градење на доверба меѓу работодавачите и барателите на работа, практичко учење на учениците и студентите се дел од заклучоците кои државата мора итно да ги спроведе за да се намали јазот меѓу побарувачката и понудата на пазарот на труд.

„Работодавачите да бидат поактивно вклучени во креирање на наставни програми, мора да се подобрат информациите кои што ги добиваат младите лица кога одлучуваат што ќе студираат тоа е уписна политика, преку неа може многу да се влијае на иднината, и мораме да го зголемиме она што го велиме учење преку работа или практична компонента“, рече Никица Мојсовска-Блажевски- извршен директор на „Македонија 2025“.

На годишно ниво, има отворени 18.000 работни места но загрижува фактот што од нив 80 отсто се за потполнување на испразнетите места, а не за отварање на нови работни места.

Извор: akcent.mk