Само вака може да добиете најубава портокалова боја за јајца: Целосно природно, потребни ви се само две состојки

ИЗВОРСкопје24
|

Најубавите нијанси на велигденски јајца можете да ги добиете со помош на состојки кои сигурно секоја домаќинка ги има во својата кујна.

Ова е  најдобиот начин за добивање на најубавата портокалова нијанса.

Ако сакате впечатлива протокалова боја, измешајте 2 лажици оцет со 250мл. вода. Оставете ја да зоврие, а потоа додадете кромид и оставете да се вари околу 30 минути на ниска температура. За интензивна боја, оставете ги јајцата да преноќат во оваа боја.

Светло портокалови јајца може да добиете на следниот начин:

Зовријте 2 шолји вода. Додадете 4 супени лажици мелени пиперки и оцет. Мешајте додека не се соединат.

Добиената смеса истурете ја во тегла и оставете да се излади на собна температура. Ставете ги јајцата во теглата и оставете да ја впијат бојата.

Кога ќе бидете задоволни од бојата, извадете ги јајцата со лажица, измијте ги со ладна вода и оставете ги да се изладат.

Совет: За бојата да биде поубава, претходно избелете ги јајцата.