Само за оние со остро око: Можете ли да го пронајдете лилјакот кој се крие на сликата?

ИЗВОРСкопје24
|

На Интернет кружи загатка која е многу потешка отколку што изгледа на прв поглед. Се работи за слика на која има многу алатки кои се користат во домаќинството, а помеѓу нив се крие и сив лилјак. Обидете се да го пронајдете.

Доколку не успеавте да го пронајдете цицачот (не грижете се, знаеме како се чувствувате), погледнете го решението подолу.

Ваквите загатките станаа хи за време на овој кризен период додека луѓето повеќето од времето беа дома, а тие пак претставувааат здрав начин за да го тренирате мозокот, за тој да остане „остар“, затоа доколку се заинтригиравте со претходната ви претставуваме уште една загатка дизајнирана од вработените во компанијата „GoSimpleTax“.

Од вас се бараат да пронајдете една сметка на едно неуредно биро. Оваа шарена графика е натрупана со прибор за пишување, со листови и со калкулатори, а креаторите откриваат дека досегашниот рекордот е 13 секунди. Дали вие можете да ја најдете сметката за пократко време?

Ако сè уште се обидувате да ја најдете сметка, побарајте ги диоптриските очила.

Ако ви требаа повеќе од 13 секунди, не грижете се, не сте единствени, а ако сè уште не можете да ја пронајдете сметката, погледнете го решението.
.
.
.

.
.
.