Самохрана мајка сама си изградила куќа од 18 метри квадратни за да си ги намали трошоците

ИЗВОРСкопје24
|

Мишел Боли од Орегон, до неодамна била присилена да изнајмува куќа, по цена од 1.173 евра месечно. Самохраната мајка, со два пропаднати бракови, сфатила дека е време да промени нешто.

Поради ниската плата, а високата кирија, оваа жена никако не можела да заштеди нешто. Сè што заработувала, трошела за храна и кирија. Едвај сврзувала крај со крај, сè додека нејзините деца не станале независни.

Тогаш Мишел ги зела работите во свои раце и решила самата да си направи мала куќичка.Таа почнала да ги проучува туторијалите на луѓе кои веќе имале изградено мали куќи. Потоа успеала за мала сума, да си изгради своја куќичка.

Во куќата што ја изнајмувала, Мишел имала 3 спални соби, кујна, купатило, ходник и гаража. Денес, таа живее во куќа од 18,5 квадратни метри.

За изнајмување на земјиштето на коешто се наоѓа куќичката, Мишел плаќа само 58 евра, а во оваа сума се вклучени струја, вода и интернет.