Самостојна изложба на слики на академскиот ликовен уметник Зоран Арсовски – Бабата во Ќустендил, Р. Бугарија

ИЗВОРСкопје24
|

По успешното претставување на изложбата “Тектонски пореметувања” која брои вкупно 64 слики на академскиот ликовен уметник Зоран Арсовски – Бабата во бугарската престолнина Софија, на барање од љубителите на уметноста поради големиот интерес и желба овој најнов опус на дела да биде виден и во помалите градови во внатрешноста на Бугарија изложбата ќе биде отворена во градот Ќустендил на 17 Јануари (петок) 2020 год. во 17.00 часот во “Изложбениот Салон на Општинскиот Театар Ќустендил” Република Бугарија.

Пошироката публика ќе има можност да ги види и да ужива во делата на нашиот академски современ визуелен уметник Арсовски до 20 Февруари 2020 год.