Самсоненко си заминува од ФК Вардар, клубот ќе биде под капата на Град Скопје

loading...

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов денеска соопшти дека бил известен од раководството на ФК Вардар на чело со Сергеј Самсоненко, дека тој повеќе нема да инвестира во клубот.

– ФК Вардар е сопственост на Град Скопје со 51 отсто. Известен сум од луѓето на кои Градот таа сопственост им ја отстапил да ја користат, дека веројатно во идниот период ќе се откажат од таа работа. Официјално кога ќе седнеме да разговараме, јавноста ќе биде известена, изјави денеска Шилегов.

Русинот во Вардар пристигна во 2014 година, а под негово водство, „црвено-црните“ остварија историски успех со пласманот во групната фаза од Лигата на Европа.

ФК Вардар е македонски фудбалски клуб од Скопје кој моментално игра во Првата македонска фудбалска лига. Клубот игра на Телеком арената во Скопје со моментален капацитет од 33.460. ФК Вардар е најтрофејниот и најпознатиот македонски фудбалски клуб, со освоени 10 национални првенства и 5 национални купови.