Самсунг произведе паметен телефон кој нема интернет, идејата е феноменална

Самсунг направи паметен телефен за корисници кои не сакаат да користат интернет.

Галакси Ј2 Про има слични спецификации и дизајн како и останатите висококвалитетни паметни телефони на Самсунг, но не може да да покрене некои апликации и да се конектира на мрежа.

Во соопштението од компанијата се вели дека овој модел е наменет за студентите, односно да им помогне да останат фокусирани на школувањето, а не константно да проверуваат пораки и содржини на Снепчет, Фејсбук и другите апликации.

Самсунг понуди и попуст за купувачите од 18 до 21 година за уредот чија регуларна цена е 186 долари. Уредото доаѓа во црна и златна боја, има АМОЛЕД екреан од 5 инчи, 1,5 гигабајти РАМ меморија и простор за микро СД картичка. Тука е предната камера од пет мегапиксели и камера во позадината од осум мегапиксели.

На телефонот се наоѓаат сите апликации кои не бараат поврзување на интернет. Овој телефен е наменет и за мали деца чии родители сакаат контрола над нивната употреба.

Не е објавено кога Ј2 Про ќе биде достапен и во земјните надвор од Јужна Кореја.