Сања Барбика со “хит” во најава – ќе се стаписате од текстот и од песната

|

Популарната Сања Цинцева – Барбика одново со нов хит кој што ние не можевме да го слушнеме до крај и збунети, извадени од памет со нетрпение известуваме за него.

Познатата Барбика веројатно инспирирана од моменталната состојба со болеста и им*низацијата решила за оваа песна да направи дури и видео запис во кој гледаме згоден медицински брат на кој пејачката не може да одолее.

Како автори на ова ремек дело се потпирани Дејан Момировски (музика и аранжман), Борче Нечовски (текст) и Енис Папазов (саксафон), а за видео спотот е заслужен Дарио Јанковиќ – GENERAL.FILM.STUDIO.

Ова е веќе препознатлив стил на Сања, но текстот веруваме и вам ќе ве остави без зборови.

Ќе ве оставиме да уживате во хитот и оној кој ќе успее да ја ислуша песната до крај нека ни пише порака.