Шарени тротоари во Карпош

loading...

Тротоарите во Карпош ќе станат интерактивни благодарение на Интернационалната Градинка Пиколини. Интересни за поминувачите, разиграни за децата.

Безгрижни деца, тоа е нашата обврска. Појдовме од идејата дека сакаме да разубавиме дел од пешачките патеки кои се полни со бои, креативност и ќе претставуваат игра за сите генерации. Тротоарите ќе добијат нова димензија, интерактивност и веруваме дека ќе бидат прифатени со голем ентузијазам од страна на жителите на Карпош. – изјави Марина Тасков од Пиколини.

Шарените тротоари кои се во план да се изведат во соработка со Општина Карпош, ќе отпочнат да се подготвуваат по завршувањето на Family Open Day, кој ќе се одржи денес, 2. јуни во периодот од 11 до 14 часот, настан кој го организира Интернационалната градинка Пиколини веќе трета година.