Шармантна и удобна колиба во која ќе заборавите на сите ваши грижи (фото)

ИЗВОРСкопје24
|

Краткото бегство од секојдневието навистина звучи како совршен викенд. А, уште подобро ако можете да се сместите во некоја удобна колиба.

Шумските колиби имаат некој посебен шарм и привлечност, а таква е и оваа колипка во шведскиот град Упсала. Оваа колиба „зрачи“ позитивна енергија и е уредена во рустичен стил. Во внатрешниот преовладува дрвениот мебел, со бела, кафеава и сина боја. Жолтите ѕидови само го дополнуваат просторот и му даваат посебна ведрина.

Колибата е уредена навистина едноставно, па дури и скромно, но токму овде се крие нејзиниот шарм. Без сомнение, уште на прв поглед ќе посакате да отидете таму и да одморите барем на еден ден.

За повеќе слики погледенете на ЦРНОБЕЛО