Саша Богдановиќ го „лапна“ ферарито на Перо Антиќ

ИЗВОРСкопје24
|

На Фесјбук групата Ѕид на Сообраќаен срам денеска осамна пост на кој луѓето кои ја следат токму оваа група редеа куп коментари за ситуацијата која ја видоа, со оглед дека се работеше за автомобилот на познато спортско лице во државава.

Имено, скапото Ферари на познатиот Перо Антиќ се најде на страната на срамот бидејќи кошаркарот паркирал на самиот влез од станбениот објект.

Луѓето коментираа, ценетиот наш претседател на КФМ штета што неможе со кола да влезе во канцеларијата, а дел од коментарите беа и зошто токму тој е оцрнет со оглед на тоа што на приложените фотографии се гледаат и останати автомобили.

Од приложеното може да се види дека пајак службата на ЈП Паркинзи Центар излезе на терен и си ја заврши својата работа.

Богдановиќ е инаку актуелен директор на ЈП „Паркинзи Општина Центар“ со кое што раководи изминативе години.