Саша Поповиќ не ја пуштил во шоуто поради дебелината, а сега плени со својот изглед

ИЗВОРСкопје24
|

Српската пејачка Николина Ковач иако сега важи за атрактивна пејачка таа некогаш имала голем проблем со килограми, па дури и директорот на Гранд продукција Саша Поповиќ не ја пуштил да помине во следниот круг од натпреварувањето само поради тоа, иако нејзиното пеење никогаш не било спорно.

„На 16 години за време на едно полугодие се здебелив само 20 килограми, бидејќи многу јадев слатки. Мајка ми во мојот ранец често наоѓаше хартија од чоколади, па ми кажа: „Николина ќе добиеш шеќер ако продолжиш“. Бидејќи тоа стана алармантно ме однесе кај тренер кој ми кажа како треба да се хранам, но и да е занимавам со физичка активност“, тврди Николина.

„Бев подебела и од мајка ми. Ми се допаѓаше едно момче во основно, а кога дознал, му кажал на својот пријател: Убава е, ама дебела. Кога во 2015 година се пријавив за „Ѕвездите на Гранд“ бев во најдебела фаза. Фотографот ми кажа дека Саша Поповиќ за мене рекол:

„Кога отпеав една забавна песна, фотографот му рекол на Поповиќ: „Ова девојка добро пее“, а тој и одговорил: „Добро пее, но нејзината музика не е за Гранд и е дебела. Мислам дека беше во право што не ме пушти да ја поминам првата аудиција бидејќи имав 16 години и бев незрела“, додаде Николина.