Се бара прогласување на кризна состојба во наредните шест месеци

ИЗВОРТелма
|

Телма дознава дека управувачкиот комитет на денешната средба донел одлука да побара прогласување на кризна состојба во наредните шест месеци.

Предлогот е упатен до владата која за денеска има закажано седница, а доколку биде усвоен предлогот ќе биде испратен на разгледување во собранието, кое треба да ја донесе одлуката за прогласување кризна состојба.

Од управувачкиот комитет за Телма велат дека одлуката ја донеле заради поефикасно справување со пандемијата и целосна заштита на здравјето на граѓаните.

Првата кризна состојба веше прогласена на 20 ноември и трае до 19 декември, а доколку биде усвоено и ова барање кризната состојба би била продолжена со средината на јуни следната година.

Миомир Серафиновиќ