Се бараат протоколи за судење за болеста да не влезе и во судниците

ИЗВОРСкопје24
|

Бројот на заболени постојано расте, ссенскиот бран полека се чувствува, а на тоа имуни не се ни оние во судовите, поради што неколку судењата се одложуваат поради лицата кои се заболени или се во изплација поради контакт со заболени.

Така „Таргет-Тврдина“ не се одржа поради отсуство на обвинетиот Сашо Мијаков кој е позитивен на болеста, а се одложи и судењето за 27 ми април, бидејќи Трајко Велјановски и Спиро Ристовски се во самоизолација поради контакт со заразени лица, а и еден од адвокатите е болен. Претходниве денови и други големи предмети се одлжија поради изолации на обвинети и адвокати. За да не дојде до трансмисија на болеста во судница, адвокатот Еленко Миланов бара од Комисијата за заразни болести да направи протокол.

„Секојдневно се соочувам со тоа да бидам во судница на мало растојание со повеќе од педесет лица со кои и да сакаме не можеме да бидеме на потребното растојание и прашање е дали само маските се доволна заштита. Во судница останувам по два, но и по пет часа со одредни паузи, но најмалку два часа без пауза“ – вели Миланов.

Според податоците во судовите шестмина вработени се позитивни на болеста а уште 15-тина се во самоизолација. Од таму уверуваат дека се преземаат мерки за да не се шири болеста ниту меѓу вработените, ниту во судниците.

„Кривичниот суд ги почитува протоколите и мерките на здравствените власти што важат за сите институции. Се дезинфицираат простории, се носат маски, се внимава на дистанца, на шалтерите и во ходниците има гелови за дезинфекција“, тврдат од Крвичниот суд.

Изолациите траат по најмалку две недели поради што се одлагаат и дел од идните термини за судење.