Се чу среќното ѕвонче на Детската клиника: Браво за малата Ана која победи на два фронта

ИЗВОРСкопје24
|

Детската клиника не престанува да нè радува со прекрасни вести за малите борци, кои ја напуштаат клиниката како победници.

Така и Ана, која покрај тешката болест со која се бореше, успешно ја победи и оваа нова болест која сите не затвори дома.

Таа вчера беше дочекана со аплауз од лекарите и медицинскиот персонал на клиниката, а како симбол на победата, заѕвони на ѕвончето, давајќи им сила и верба на сите останати пациенти во одделот.

„Нема поголема радост кога мајка си го гушка оздравеното дете ❤ особено ако станува збор за една опасница Ана, која како од шега от епа една Ко рона и една досадна мали*на болест. Денеска сите на Универзитетска Клиника за детски болести потпевнуваа “Браво Ана – браво Ана ” !
Епа, навистина браво Ана !

*видеото е објавено со дозвола на родител и истото можете да го погледнете со клик ТУКА.