Се избираат најдобри млади вина произведени во домашни услови

ИЗВОРСкопје24
|

Здружението на македонски винари организира избор на најдобри млади вина произведени во домашни услови, а оценувањето ќе го вршат стручни лица енолози. Од денеска па натаму, сите заинтересирани домашни производители на вино, можат да достават мостри од своето производство и да учествуваат во натпреварот што се реализира во соработка со Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев” од Штип.

Настанот е во чест на манифестацијата „Beaujolais Nouveau“ која во светот се празнува од 1937 година и започнува во 00:01 часот секој трет четврток во месец ноември, појасни претседателката Милица Плетварска-Глигорова.

Главниот настан е на 21 ноември во ресторанот „Сино“, кога ќе бидат доделени наградите за најдобрите вина. Сите учесници имаат можност за презентација, а ќе можат и да се дегустираат сите пријавени мостри.

Истовремено најавена е и промоција на книгата „Каде што реката го бакнуваше небото“ од Билјана Тинтоска, за првиот дипломиран македонски енолог во Полска.

вечер.пресс.мк