Се „крчка” зголемување на даноците?

|

Финансии , УЈП и Царина ги седнаа на маса стопанствениците. Од денеска стартуваат со јавни дебати за тоа дали и какви даночни реформи ќе има.

Од финансии информираат дека се дискутира за данокот на добивка, данокот на личен доход, ДДВ- то, акцизата, еколошката даночна политика. Ќе се разговара и за прогресивниот данот. Идејата е сите измени кои ќе бидат направени кај даноците да се применувата од први јанаури идната година.

Во соопштението на министертвото за финансии се посочува и дека реформата ќе има позитивно влијание врз неформалната економија, дека со тоа ќе се зголеми приходите во БДП, и ќе се дојде до поквалитетни услуги во здравството, јавниот сектор, образованието, подобра инфрастуктура, зголемена конкуреност на домашната економија, и забрзан економски раст.