Се криел 17 години во пештера, на крај го пронашле со дрон!

ИЗВОРскопје24
|

Во кинеската покраина Јунан, полицијата уапси 62-годишен маж кој бил во бегство 17 години, откако со помош на дронови го откриле неговото засолниште.

Сонг Јианг, осуденик за трговија со жени и деца, во 2002. побегнал од затворскиот логор. Оттогаш со години живеел во мала пештера во планината близу неговото родно место, целосно отсечен од цивилизацијата, објави Би-би-си.

Полицијата добила дојава за локацијата на Сонг на почетокот на септември, но по неуспешната теренска потрага, властите употребиле дополнителни беспилотни летала. Така, пештерата на бегалецот била најдена.

Екипите го барале Сонг во непристапен терен со густа вегетација. Кога не нашле никаква трага од него, тие побарале беспилотни летала од локалната полициска служба за да го лоцираат одозгора. Дронот забележал сино-челичен покрив на стрмна карпа. Исто така, бил откриен отпад пред нешто што личело на пештера. Кога тимовите за пребарување дошле на локацијата, пред пештерата го пронашле Синг, затвореник кој бил осуден за трговија со жени и деца, но избегал од затвор во 2002 година.

Полицијата соопшти дека Сонг живеел во пештера со големина помала од 21 квадратен метар и премногу мала за да застане еден просечен човек.

Сликите од внатрешноста на пештерата што ги објави полицијата покажале зацрнети садови за готвење, како и импровизиран кревет. Инспекторите соопштија дека бегалецот долго живеел во изолација и имал проблеми во комуникацијата со полицајците.

Тие рекоа дека Сонг не се капел и не ги перел алиштата долго време. Сам се потсрижувал и користел пластични шишиња за да донесе вода од планината за пиење и готвење. Тој е вратен во затворот од каде што побегнал.

Полицијата соопшти дека Сонг живеел во пештера со големина помала од 21 квадратен метар и премногу мала за да застане еден просечен човек.

Според полициските извештаи, поради тоа што долго време живеел сам, на човекот му било тешко да комуницира со службениците.

Осуденикот е вратен в затвор.

Инаку Јунан или во превод – јужно од облаците е покраина во југозападна Народна Република Кина. Поршина на покраината изнесува 394.000 км². Главен град е Куенминг. Западно од Јунан е Мјанмар, додека јужно се Лаос и Виетнам. Јунан се наоѓа во планинска област, со најголеми врвови на северозапад и пониски предели на југоисток.

Разликата во висината помеѓу планинските врвови и речните долини оди и до 3000 метри. Јунан е богат со руди, а има и разновиден свет на билки.

Поголем дел од населението живее во источниот дел на покраината. Во 2007. година во Јунан живееле 44.830.000 луѓе. Јунан е познат како подрачје во кое живее голем број етнички заедници (25). Мнозинство се Хански Кинези (67%), а од останатите најбројни се: Ји (11%), Баи (3,6%), Хани (3,4%), Џуанг (2,7%) и Дај (2,7%).