Се очекува поскапа струја – Град Скопје распиша нов тендер за струја

ИЗВОРСкопје24
|

Распишан е тендер за снабдување со електична енергија, поради причината што досегашниот снабдувач го раск ина договорот. Фирмите кои имаат склучено договор со Општините и јавните установи започнаа да ги раскинуваат договорите затоа што се очекува цената на стујата да расте. Град Скопје уверува дека градот нема да остане без електрична енергија додека не се избере нова фирма.

„По раскинувањето на договорот со компанијата ‘У Пауер’ на 1 октомври, Град Скопје во овој момент се снабдува со електрична енергија од снабдувач во краен случај, согласно Законот за енергетика и Правилата за снабдување со електрична енергија. Во моментов, не можеме да дадеме проценки за висината на новиот договор и колку ќе се плаќа за електрична енергија во 2022 година, истото зависи од поголем број на фактори, но генерално се очекува повисока цена поради состојбата со енергетската криза“, велат од Град Скопје.

Инаку, фирмата „У Пауер“ на 1 октомври го раскина договорот со Градот, причината беа повисоките цени на електрична енергија на пазарот. Цената за снабдување со струја според договорот за висока тарифа беше 4.029 денари без ДДВ за киловат час, додека за ниска тарифа беше 2.37 денари за киловат час.