Се ожени поранешното момче на Цеца и Наташа Беквалац – Убавецот повеќе не е ерген (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Се ожени Владимир Вуксановиќ (31) со згодната Латиноамериканка со која беше во врска околу една година.

Парот според српските медиуми се венчал пред два дена во Белград и тоа во кругот на најтесното семејство и најблиските пријатели.

Неговата убава сега веќе сопруга е бремена па парот морал што поскоро да се венча.

Инаку тој на јавноста и ја претстави новата девојка минатиот септември додека парот беше на летување во Грција.

За потсетување Владимир се прослави во реалното шоу „Срвајвер“, а потоа беше во кратка врска со Цеца и Наташа Беквалац.