Се породи Катарина Ивановска – на ќеркичката и дадоа необично име

ИЗВОРскопје24
|

Семејството на Катарина Ивановска се прошири за уште еден нов член. 31-годишната манекенка го роди своето второ дете.

Катарина Ивановска по вторпат стана мајка, а Тамара ја сподели среќната веста со јавноста, преку Instagram story.

Катарина родила ќеркичка и заедно со сопругот се одлучиле за името Кира.

Иако е прилично таинствена за приватниот живот и не споделува многу на социјалните мрежи, Катарина неколкупати во текот на втората бременост ги почести следбениците со прекрасни летни фотки.

Во Македонија и Скопје ја знаеме како Кики, девојката која што надвор од овие граници го обелува нашиот образ каде и да се појави.

Својата кариера како манекенка ја започнала во 2004 година на Миланската модна недела по освојувањето на кастинг во Македонија.

Кики правела фотосесии за руското и италијанското издание на Vogue, за српското издание на Elle и други. Соработувала со агенции како International Scouting Office Belgrade, Women Mgmt Paris, Women Mgmt New York City, Women Mgmt Milan и Select Model Mgmt London. Во Македонија се смета како еден од најуспешните модели.

Во 2012 година дебитирала како глумица во филмот Трето полувреме.

Катарина Ивановска е родена на 18 август 1988 во Скопје.