Се породи пред една година, а сега повторно чекаат принова: Онур и Шехерезад ќе добијат трето дете (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Омилената турската актерска двојка Бергузар Корел и Халит Ергенч пред околу година дена го добија своето второ дете , а сега објавија и уште една убава вест, тие очекуваат и трето дете. Веста ја објави турската актерка на својот профил на Инстаграм.

Добрата вест и ’дојде среде снимање на нов проект, прв по пауза од три години, поради што повторно мора кариерата да ја стави на пауза и да го скрати ангажманот во новата серија.

– Откако не бев на малите екрани три години, за време на неколкумесечните подготовки за улогата во серијата „Кнали Јаи“, дознав дека сум бремена. Иако бременоста не ме спречи да продолжам со проектот, сепак моравме да го одложиме снимањето поради физички промени кои не беа соодветни за мојот карактер. Не ми е лесно да се збогувам со серијалот што го направив со одлични луѓе. Сакам да им се заблагодарам на сите мои колеги од кои научив многу и со кои поминав низ прекрасниот процес на креирање на овој проект. Посакувам нашите патишта еден ден повторно да се вкрстат – напиша познатата актерка, а потоа се заблагодари за првите честитки:

– Од моментот кога објавив дека сум бремена, не можев да одговорам на сите пораки. Ме направивте многу среќна, ви благодарам многу. Нека драгиот Алах ви даде многу здравје и среќа. Ви благодариме за постоењето, пишува таа.

Инаку, за Бергузар или најпозната по улогата на Шехерезад и Халит попознат како Онур, изминатиов период се пишуваше дека се разведуваат, но со оваа вест тие го докажаа спротивното.