Се повлече од актерството: Познатата Хурем започна нов бизнис – Еве што прави денес

ИЗВОРСкопје24
|

Актерката, која е запаметена од локалната публика за нејзината улога како црвенокоса султанка Хурем во турската серија „Сулејман Величествениот“, сврте нова страница во нејзиниот живот. Таа на социјалната мрежа Инстаграм објави дека влегува во нов бизнис, односно дека отвора продавница за здрава храна во самиот центар на Берлин.

Мерјем Узрели во соработка со пријатели отвара слаткарница во Берлин. Таа истакна дека слатките ќе бидат здрави. Како што објасни возбудената Мерјем Узерли во видео на Инстаграм, таа верува дека тоа ќе биде прва во низата продавници што планира да ги отвори низ целиот свет.

„Станува збор за вкусни и здрави слатки. Ова е само почеток на прекрасно патување, започнувам во Берлин, а се надевам дека ќе се прошириме по целиот свет. Моите пријатели и јас го создадовме ова место каде што сакаме да се чувствувате како да сте дома и да уживате во слатките со најголем квалитет. Во понуда се веган чоколади, најубавиот сладолед на свет, маслиново масло, кафе, чај и многу други работи“, напиша актерката.

Атрактивната актерка со германско потекло тогаш се повлече од јавноста и се посвети на животот во Берлин со својата петгодишна ќерка Лара.