Се преврте полициско возило на Рузвелтова (ФОТО)

|

Полициско возило рано утринава се преврте на улицата „Франклин Рузвелт“ во близина на Зоо Скопје.

Неофицијално, од засега непознати причини возачот изгубил контрола над возилото, по што истото се превртело на улицата.

Според првичните информации по вредени се тројца полициски службеници кои биле пренесени во болница.

Утрината, со возило на Пајак службата, полицискиот автомобил беше отстранет од местото на не среќата.

Повеќе детали во текот на денот се очекуваат од Министерството за внатрешни работи.

Извор: Курир