Се продава остров со песочна плажа- посетителите можат да уживаат гледајќи го изгревањето и заоѓањето на сонцето

ИЗВОРскопје24
|

Прекрасниот шведски остров кој има неколку објекти, вклучувајќи модерни пансиони, повторно се продава и чини „само“ 1,4 милиони долари.

Гашарскарет е остров со песочни плажи и отворени тревни површини, сместен на околу 100 метри од шведското копно на архипелагот Содерхамн, на источниот брег од земјата.

На островот постои главна куќа, пансион, куќа на плажа и сауна. Може и да се пофали со површина за слетување на хеликоптери.

Од агенцијата за продажба на недвижнини Содебис велат дека ова е идеално место за големо семејство, како и може да се користи за состаноци и конференции, пренесува Klix.ba.

Островот има прекрасно опкружување и посетителите можат да уживаат гледајќи го изгревањето и заоѓањето на сонцето.

Работењето на објектите на овој остров започнало во 2004 година, а завршено е во 2015 година. Главната куќа се простира на 77 квадратни метри.

Древните палуби пред главната куќа на жителите им пружаат совршена прилика да седат и уживаат во мирот кој го опкружува овој остров.