Се продава вилата на Роналдо во Мадрид, цената пресмешна

loading...

По заминувањето на Кристијано Роналдо од Мадрид, дојде време да се продаде неговата скапоцена вила во која престојуваше во текот на играњето на Реал.

Петкратниот освојувач на Златната топка во својата вила имаше од сѐ по нешто – терени, голем двор, базен, па до седум спални соби и осум тоалети.

Сепак, со оглед на тоа дека пред неколку дена потпиша за Јувентус, Роналдо ќе мора да ја продаде вилата, а целата е вистинска ситнурија, 4,8 милиони фунти.

Португалскиот напаѓач немаше ништо против додека престојуваше во неа да го сподели со јавноста ентериерот на самата вила. Таа беше доволна прострона и имаше простор за сите негови автомобили.