Се сеќавате на Лена од „Ѕвездичките на Пинк“: Сега израсна во преубава тинејџерка (ФОТО)

|

Лена Стаменковиќ е име кое за само неколку секунди стана главна тема во секое семејство. Таа пред 6 години застана на сцената на „Ѕвездичките на Пинк“ и го освои Балконот. Тогаш сите пишуваа дека „ѕвездата е родена“, а нејзината музичка кариера не заврши тука.

Имено, таа беше дел и од Јуниорската Евровизија во година, каде што ги бранеше боите на Србија. Тоа беше одлична промоција за неа, па така на цела Европа и ги покажа своите вокални способности.

Оваа ѕвездичка, денес веќе е тинејџерка и има 15 години. Изгледа сосема непрепознатливо, а последен во низата музички проекти е оној каде што со уште неколку претставнички на Србија на Јуниорската Евровизија, поддржани од Леонтина Вукомановиќ и Невена Божовиќ ја отпеаа песната „С друге стране дуге“.

Доколку во видеото не успеавте да ја препознаете, во продолжение погледнете неколку фотографии од веќе не толку малата Лена: