Се сеќавате на пејачот Арчи? Стана татко на 60 години

ИЗВОРСкопје24
|

Се сеќавате ли на пејачот Арчи или Златимир Аревски кој е сопственик на еден од најголемите хитови од пред дваесетина година – „Да пукнеш леле што ми направи“.

За жал Арчи беше кратко на македонската естрада. Тој веќе со години живее во Дубровник во Хрватска, а во Скопје може да го сретнете на кратко и тоа само во зимскиот период.

Денес Арчи е на прагот од седмата животна деценија, а годините не претставуваа никаква пречка за тој повторно да се оствари во улогата на татко, пишува „Слободен печат“.

Е, токму тој Арчи од пред месец и половина стана татко на 59 години. Неговата сопруга од вториот брак му родила машко дете.

Од Слободен печат се обидоа да стапат во контакт со Арчи за изјава, но на хрватскиот телефонски број до кој дојдоа бил недостапен.

За потсетување, од првиот брак Арчи има веќе возрасен син.