Се што е потребно за живот во 25 квадратни метри: Од камп приколка направиле вистински рај за уживање

ИЗВОРСкопје24
|

Како резултат на долгогодишното искуство и големиот сон, настанала оваа феноменална куќа која со својот изглед го воодушевува секој кој ќе ја види. На самиот почеток, таа била само обична камп приколка која со малку труд станала вистински рај за живот.

Овој минијатурен стан има сè што е потребно за совршен живот –дневна соба, катче за релаксирање и играње, купатило со практично место за складирање, но и кујна.

Таа е дизајнирана така што во приземјето има дневна соба, кујна, просторија за одмор и тераса, додека скалите водат кон галеријата каде се наоѓа спалната и детската соба.

Колку просторот е добро искористен говори и фактот дека на кровот се наоѓа и градина полна со цвеќиња, вистинска мала оаза која ѝ дава уште поинтересен изглед на целата куќа.

Ова е доказ дека дури и малите простори можат да бидат целосно функционални доколку се користат на вистински начин. Во видеото, погледнете како изгледа целиот дом: