Се уште се работи на првиот акциски план за кризната состојба

ИЗВОРТелма
|

Голема дискусија, многу точки на дневен ред и разгледување и конечно фирмирање на првиот акциски план за кризната состојба. Нацрт планот бил подготвен во 16 часот кога е почната расправата на Главниот штаб предводен од директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

Состанокот се одржува во зградата на ЦУК каде се присутни претставници на надлежните безбедносни служби, од ДЗС и од армијата, а главните предлози се од здравствениот сектор кои очекуваат помош за справување со моменталната ситуација и со преоптоварените здравствени капацитети.

Поранешната болница Мала Богородица- Систина сега хотел Ибис стајлс е понудата која приватните болници му ја доставиле на министерот Филипче како медицинска капацитет за државни потреби во прогласената кризна состојба. Хотелот односно поранешната гинекологија на Систина се наоѓа во Тафталиџе, во трговскиот центар Олимпико и во моментот не се користи поради затворањето на хотелите.

Според сознанијата на Телма Главниот кризен штаб во подготовката на нацрт планот за справување со кризната состојба покрај стоте легла понудени од приватните клиники, а сместени во поранешната Мала Богородица, планира и побрза разработка на модуларните болници кои во некои градови веќе се градат, но и пренамена на спортски сали и други објекти во здравствените капацитети. Плановите предвидуваат и поголема употреба на Армијата, но главен столб и приоритетит на Главниот кризен штаб ќе се определуваат согласно потребите на здравствениот сектор.

Во државата поради болеста веќе имаше локална кризна состојба во Дебарско, а државата веќе еднаш има прогласено кризна состојба на цела држава.

Најголемиот проблем останува обебзедување на дополнителни болнички кревети бидејќи државните капацитети, но и специјализираните оддели на приватните болници се речиси исполнети до последното место. Министерот за здравство Венко Филипче отпочна преговори со приватните болници кои се подготвени за помош, но исто така со полни капацитети. Решението кое го понудија е старата гинекологија на Систина, Мала Богородица, односно третиот кат во Олимпико каде сега е затворениот Ибис стајл хотел.

Миомир Серафиновиќ