Се венчаa вo сабота, поднесоа документи за развод во среда

ИЗВОРСкопје24
|

Mладоженци го кажале судбоносното „да“ во сабота, а веќе во среда поднеле барање за развод. Овој случај е забележан во Требиње, БиХ. Сличен случај имало и во Бјелина, каде малдоженците издржале „дури“ 12 дена во брак.

Според Заводот за статистика на Федерацијата БиХ, во 2018 година се развеле 109 брачни двојки чии бракови траеле пократко од една година. Најдолгиот брак кој се окончал во 2018-та траел 62 години.

Најдолгиот брак во Република Српска траел 70 години, најкраткиот 13 дена, покажува тамошниот Завод за статистика. Интересен податок е и возраста на најстариот младоженец, односно 90-годишниот зет. Најстарата невеста во РС имала 86 години.