Се врати во етерот: Ако го пропуштивте Тони, тука гледајте ја првата епизода на „Опуштено“

|

Се сеќавате ли на една од најгледаните емисии од забавен и но и хумористичен карактер, емисијата „Опуштено“ со Тони и Деао, која опстојуваше повеќе од 10 години низ медиумскиот простор, но за жал пред неколку години потполно згасна? Емисијата промени повеќе медиуми и се емитуваше речиси на сите поголеми телевизии кај нас, но по долги на крајот сепак водителите и креатори на емисијата решија дека е доста.

Сепак од изминатиов петокот емисијата „Опуштено“ продолжи со емитување и по четврти пат се врати на ТВ каналите. Овој пат емисијата претрпе неколку промени, во сценографијата, која поради здравствената криза се снима малку поопуштено, на своевидни клупи како во парк, а како водител се појавува само Тони Михајловски. Емисијата која досега ја знаеме ви носи загарантирано смеење, а за оние кои ја пропуштија, може да ја погледнат и на „Јутјуб“.

Во првата епизода гостинка беше познатата поп пејачка Нина Јанева Николовска која зборуваше за професионалниот но и приватниот живот, за бракот и своето прво дете. Тони и неговата емисија „Опуштено“ ќе може да ја гледаме секој петок од 22:30 на ТВ „Алфа“.