Се врати во Кина: Душко ја напушти Јелена Карлеуша

ИЗВОРСкопје24
|

Сопругот на Јелена Карлеуша Душко Тошиќ по неколкумесечен престој во Белград мораше да ја напушти Србија.Тој се врати во Кина каде што настапува. Сопругата и ќерките останаа дома. Иако се зборуваше дека тие се пред развод, по се изгледа дека тие повторно се среќни.

По враќањето во Кина, Душко уште на аеродромот се соочи со строгите мерки кои се уште важат во Гванжу.

Јелена Карлеуша инаку синоќа беше на роденденска прослава на својата тетка, сестрата на нејзината мајка Дивна, која за жал пред повеќе од една година не напушти од овој свет, а со која многу си личат. Имено, со оглед на тоа што Јелена ја загуби својата мајка, најголема поддршка и некој што не се одвојува од неа е нејзината тетка Даниела.

На роденденот се собраа најблиските од семејството, а на изненадување за повеќето, таму се појави и Душко Тошиќ.