Се запали „ауди“ со тригодишно дете внатре, таткото го оставил само на кратко па се вратил да го спаси

loading...

Вчера вечер околу 18 часот било пријавено дека во Тетово на улицата „Илинденска“ на паркинг избувнал пожар во патничко моторно возило „Ауди А-3“ со тетовски регистерски таблици сопственост на А.Н. (42) од с.Ларце – Желино.

Возачот А.Н. го паркирал возилото и го оставил да работи, со цел на кратко да влезе во блискиот сервис, а во возилото останало неговото тригодишно дете.

Во еден момент, од возилото почнал да излегува чад од задниот дел и сопственикот веднаш се вратил и го извлекол детето.

Пожарот за кратко се проширил во целото возило и тоа целосно изгорело освен делот кај моторот, кој бил делумно изгорен. Пожарот бил изгаснат од страна на екипа од Територијална противпожарна единица–Тетово.

Причинета била материјална штета од околу 240.000 денари.

Увид на местото на настанот бил извршен од страна на увидна екипа од СВР Тетово и се работи на целосно расчистување на настанот.

Скршени стакла на автобус со кошаркарите на МЗТ Скопје

Вчера на улицата „Васко Карангелевски” во Скопје непознати лица искршиле стакло од автобус во кој се превезувале кошаркари на кошаркарскиот клуб МЗТ-Скопје, а се враќале од натпревар од Гостивар.

Нема повредени лица, причинета е само материјална штета. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Седум сообраќајки во Скопје

Во текот на вчерашниот ден (16.04.), на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Скопје се случиле седум сообраќајни незгоди од кои четири со телесни повреди и три со материјална штета. При сообраќајните незгоди четири лица се здобиле со лесни телесни повреди. Потоа, 17 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со брзина поголема од дозволената, а 20 возачи се исклучени од сообраќајот бидејќи 17 од нив управувале возила пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, двајца биле возачи почетници и еден возач возел под дејство на алкохол.

Исто така, десетмина возачи се санкционирани бидејќи поминале крстосница на црвено светло, четворица не дале првенство на минување на пешаци, еден неправилно престигнувал а тројца возачи недале првенство на минување на возила во зона на крстосница. Покрај ова, од сообраќај биле исклучени 17 возила бидејќи биле нерегистрирани. Во текот на изминатиот ден издадени се 96 мандатни платни налози, додека 64 возила се подигнати со “Пајак”.