Се зголеми минималецот: Од месецов повисока плата

ИЗВОРСкопје24
|

Минималната плата од јули месец изнесува 14.934 денари во нето износ. Од месецов има раст на минималната плата, а според пресметките во бруто износ таа изнесува 21.776 денари.

Министерството за труд и социјална политика ја објави одлуката во Службен весник. Досега минималната плата изнесуваше 14.507 денари, откако минатата година беше зголемена за 2.000 денари. Зголемувањето на минималната плата тогаш беше соопштено дека ќе важи не само за приватниот, туку и за јавниот сектор.

Ваковто зголемување најпрво беше најавено за месец април, но поради здравствената криза мораше процесот да се стопира, но од овој месец работите се враќаат во нормала, па така и зголемувањето на минималната плата во земјава.