Сеча на 13 јавори на улицата „Орце Николов“

ИЗВОРТелма
|

Звуците на пилите и сечата на 13 јавори утрово ги разбудија жителите на улицата„Орце Николов“. Голем број граѓани револтирано рагираа на социјалните мрежи зошто се молчи пред ваков „маса *р врз дрворедите“, дали градоначалниците само гласно апелираат за здрава животна средина, додека на дело сосема поинаку постапуваат.

Станува збор за дрва за кои стручните служби на Град Скопје имаат решение за отстранување по направени анализи дека се болни, стари или со оштетени корења, вели Богдановиќ.

„НИЕ РЕКОВМЕ КОГА ЌЕ ДОЈДЕ РЕКОНСТРУКЦИЈАТА ПАРАЛЕЛНО ДА БИДАТ ОТСТРАНЕТИ, ЗА ДА МОЖАТ ДА БИДАТ ЗАМЕНЕТИ СО НОВИ. ИМАВМЕ И НИЗА ПОПЛАКИ ОД ЛУЃЕ КОИ ЖИВЕАТ ТУКА, БИДЕЈЌИ ТАМУ ЧЕСТО ПАРКИРАА ВОЗИЛА ДОДЕКА БЕШЕ СТАРИОТ НАЧИН НА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ПАРКИРАЊЕ ДЕКА НОН СТОП ИМ ПАЃАЛЕ ГРАНКИ И ГИ ОШТЕТУВАЛЕ ВОЗИЛАТА. ВЕДНАШ ПО ОТСРАНУВАЊЕТО ЌЕ БИДАТ ЗАСАДЕНИ НОВИ ЈАВОРИ“, РЕЧЕ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЦЕНТАР САША БОГДАНОВИЌ.

Реагира и зелената партија ДОМ со прашање до Богдановиќ зошто се прави ваква сеча без најава и објаснување. За Богдановиќ нема дилема дека стручните анализи на службите се издржани и темелни и само во одредени случаи се посегнува по отстранување на дрвјата, кога тоа е го налагаат анализите на терен.

Нина Стефанова