Шеф Боби од „Брза кујна“ направи специјално дело со кое го изненади Пере од „Нокаут“ (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Никола Перевски или како што сите го знаат, Пере од „Нокаут“, перидов го поминва во Охрид, полнејќи ги батериите со позитивна енергија од убавините на македонскиот бисер.

Како и сите свои колеги, речиси четири месеци, Пере немал настап на сцена, музиката секако е негово секојдневие, но тој на својот профил на Фејсбук откри дека има голем талент и за фотографирање.

Секојдневно Пере објавува воодушевувачко добри фотографии од Охрид кои се за чиста десетака.

Но, за пофалба е и делото, односно уметноста на лубеница која шеф Боби Симоновски до „Брза кујна“ ја направи за Пере.

Боби го изработи името „Нокаут“ на лубеница направена по техниката наречена карвинг, а Пере за оваа како што вели тој мајсторија, мораше јавно да му полеска на пријателот, шеф Боби.