Шефот решил вака да ги казнува: 10% од плата на оној кој ќе се зарази

ИЗВОРСкопје24
|

Сопственик на хрватска компанија „Техникс“, Ѓуро Хорват решил фа ги казнува неодговорните доколку завршат во самоизолација.

Апелите од Хрватските власти до граѓаните на Хрватска да се однесуваат одговорно не даваат резултати во сузбивањето на ширењето на епидемијата во нивната земја. Донесените мерки честопати не се почитуваат, а присилните мерки не се лесни за спроведување и се стравува од нивните економски последици.

Ѓуро Хорват, сопственикот на хрватската компанија „Техникс“, испратил писмо до сите вработени во кое им соопштува дека ќе ги казни доколку завршат во самоизолација.

„Почитувани работници! Бидејќи ситуацијата со болестасе влошува секој ден, би сакал да ве известам дека компанијата Tehnix ќе воведе свои капацитети за престој во самоизолација, така што секој кој поради своето невнимание ќе западне во таква состојба, ќе биде изолиран во хотелот Kralj. Лицето кое ќе биде во самоизолација ќе се обесхрабри со кратење на 10% од платата. Мора да бидеме свесни дека однесувањето надвор од компанијата не ве загрозува само вас и вашето семејство, туку и вашите колеги од работата, а со тоа ја загрозува стабилноста на Tehnix и задржувањето на работните места.

Вашиот директор: Ѓуро Хорват“ – пишува во писмото на успешниот претприемач.

Хорват ги објаснил своите ставови и во една телевизиска емисија:

„Презедовме мерка за обесхрабрување на луѓето кои така се однесуваат со сопственото здравје и компанијата затоа што веќе се отсутни 20 вработени. Во исто време, тие пари ги насочуваме кон оние вработени и менаџери кои се здрави и кои се однесуваат одговорно, сакаме да ја намалиме микроорганизацијата на наша сопствена одговорност. Сите мора да се вклучиме, секоја локална заедница, компанија“ – објаснува Хорват. Тој потврди дека неговата компанија ги казнува оние кои завршуваат во самоизолација со 10% од платата.

„Неодамна им ја намаливме платата. Ние веруваме дека ова е резултат на несериозност и неодговорно однесување. Ако некој оди од кафуле во кафуле, ако сам го предизвика тој дел од нездравиот живот, тогаш тој мора да сноси еден дел од одговорноста“ – вели Хорват.