Шехерезад не е единствената жена со која турскиот актер бил во брак – и првата сопруга на Ергинч е вистинска убавица (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Бракот на Бергузар Корел и Халит Ергинч е еден од најхармоничните бракови помеѓу труските славни парови, па речиси и не се зборува за тоа дека прекрасната актерка која на македонската јавност ѝ е позната како Шехерезад, не е единствената жена со која „Султан Сулејман“ беше во брак.

Имено, во 2007 година тој бил во брак една година со Гизем Сојланди, млада актерка со која по неколкумесечна врска се венчале. Тие исто така се запознале на снимање на филм, како и со Бергузар, но по многу краток период, решиле дека не се еден за друг и се развеле.

Се работело за една избрзана работа, која е оправдана со фактот дека и двајцата биле многу млади. Гизем во едно интервју рекла дека иако имала само 20 години и нејзината мајка се противела на бракот, тие сепак решиле да се венчаат, па ни ден денеска не се кае за одлуката.

Според нејзините зборови Халит за брзо време многу се променил, бил во тешка депресија и не сакал да основа семејство со неа. Решиле да се разведат по мирен пат и секој да тргне на своја страна.

И таа и Халит сега имаат основано семејство со други парнери и се среќни.