Семејствата се тие што се херои во трансплантацијата

ИЗВОРСкопје24
|

По ноќешната прва трансплантација на срце од донор, сите видовме, по реакциите, колку јавноста го прифати тоа органодарителство. Докторката Маја Мојсова вака почна да го образложува приемот на веста што што ја обиколи државата. Според закон, сите ние сме донори на органи, доколку не се изјасниме поинаку, со изјава на нотар. Но, на крај, во вакви емотивни моменти, како што беше изминатата ноќ, дали ќе се донира орган, одлучува семејството, како што беше со семесјтвото на Емилија Динева.

-Верувајте е многу тешко, кога сте тажни да донесете одлука и во тој момент да биде хуман и човекољубието да бидете над вашите најдлабоки внатрешни емоции. И затоа сметам дека, да, семејствата се тие што се херои на крајот од денот, затоа што да не беа тие, ние немаше да бидеме тука, изјави д-р Маја Мојсова на прес конференцијата по завршувањето на трансплантацијата на срце.

Тим од лекари од јавното здравство и на двете приватни билници Жан Митрев и Систина, ноќеска по 6 часа операција на Клиниката за Државна Кардиохирургија во Скопје, го трансплантирање новото срце во телото на 54 годишниот пациент. Семејството на 43- годишната Елизабета Динева одлучи да спаси животи, донирајки ги и нејзиното срце и нејзините бубрези. Во текот на денот се оперира друг пацинет, кому му се пресадуваат бубрезите.